ВЕЛЕШКИТЕ АКЦИЈАШИ ГО ПРОСЛАВИЈА СВОЈОТ ДЕН СО ЧИСТЕЊЕ НА СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА И САКААТ ДА ГИ ПОТТИКНАТ МЛАДИТЕ ДА ИМ СЕ ПРИКЛУЧАТ

    ВЕЛЕШКИТЕ АКЦИЈАШИ ГО ПРОСЛАВИЈА СВОЈОТ ДЕН СО ЧИСТЕЊЕ НА СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА И САКААТ ДА ГИ ПОТТИКНАТ МЛАДИТЕ ДА ИМ СЕ ПРИКЛУЧАТЗдружението „Акцијаши ветерани“ денеска добија донација во опрема (Фото: СДК.МК)

    Велешките акцијаши го одбележаа 1 април, Денот на акцијаштвото, со чистење и уредување на околината на Спомен костурницата, при што засадија садници чемпрес. Со ова, тие го одбележаа денот на доброволното работно ангажирање, се потсетија на минатото, но и сакаа да ги анимираат помладите да се вклучат.

    Целта е ние старите акцијаши кои имавме повеќе сојузни акции во поранешна Југославија да го возобновиме акцијаштвото како граѓански активизам, во што ќе се вклучат и помладите. Тие сигурно имаат слушано за работни акции од постарите во нивните семејства, но не знаат што значи тоа во пракса. Сакаме преку нашето искуство да им пренесеме мотивација да се ангажираат доброволно во уредувањето на градот, на јавни површини“, кажа Драган Миладиновски, член на граѓанското здружение „Акцијаши ветерани“.

    Тие го расчитуваа зеленилото околу Спомен костурницата. Досега членовите на здружението сами се снаоѓаа со алати за работа, а денеска добија донација во опрема од Ердован Етоски, жител на велешка Мелница, кој живее во Швајцарија.

    Не можеме како некогаш да градиме пруги и мостови, но ги градиме младите во одговорни членови на заедницата. Некој треба да ја продолжи традицијата. Работев пред 45 години, кога се градеше објектот и еве сега повторно сум тука“, кажа Марина Јовева, членка на здружението.

    Во акцијата учествуваа и сите петмина вработени во велешкиот Народен музеј.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира