Умира акумулационото вештачко езеро Младост крај ВелеС, заклучи Хидробиолошкиот завод од Охрид по добиените резултати од испитувањата на водата од езерото. Според Заводот, материјата која плива по површината е органска, слузава топка од отпаден растителен материјал. Причината за ваквата состојба на езерото е нискиот процент на присутен кислород во водата, што не овозможува процес на дишење на живиот свет, како растителен така и животински, што е опасност за негово угинување.
Ниските кислородни концентрации не овозможуваат нормално одвивање на процесот на деградација на органската материја, присутна во екосистемот. На длабочина од 14 метри не е измерено присуство на кислород во ниските слоеви на водата.
„Отсуството на кислород во езерото претставува голема опасност по живиот свет кој живее во него и е основна причина за негово изумирање и исчезнување на екосистемот. На длабочина од 14 метри водата има интензивен мирис на сулфур, поради неразградба на органските материи, а има и високо присуство на амонијакот кој е производ на отсуство на кислородот. Имаме интензивен процес на еутрофикација, односно стаареење на екосистемот и тоа под интензивно антропогоено, човечко влијание“, се велиа во анализата на Хидробиолошкиот завод.
Еутрофни езера, односно езера што се одликуваат со голема количина хранливи биогени матери кои се таложат на дното поради што нема доволно кислород, се Скадарското во Црна Гора и Балатон во Унгарија.
Анализите кои се претставни во извештајот, се базираат на две испитувања на водата, едните се земени на 14 јуни од вработени на Јавното претпријатие „Лисиче“, а вторите на 4 јули, земени од вработени од Хидробиолошки завод и тоа од површинските води, од длаб воочина на 7 и на 14 метри, потоа на локација близу Отовичка Река и близу бродот. И хемиските и микробиолошките резулати од примероците земени во јуни се со полоши вредности отколку тие во јули.
Така, индикаторите за фекално загадување покажуваат присуство на три бактерии. Според присуство на колиформни бактерии, квалитетот на водата во јуни е во 3 класа, а во јули во 2 класа. Според присуство на ентерококите во јуни водата е во 4 класа, а во јули површинската е во трета, а длабочинската во втора. По присуство на ешерихија коли, по мерења во месеците јуни водата е во 4 класа, а јули во површинскиот слој е 3 класа, а не е регистрирана во длабочините. Сулфидредуцирачките клостридии, индикатор за старо феклано загдување, се регистрирани во водите кај заливот, каде истекува Отовичка Река, која подог период нема вода и не тече.
„Според добиените резултати водата во акумулацијата е со лош квалитет, ризична за опстанокот на живиот свет во акумулацијата, ризична по здравјето на капачите. Присуството на индикаторите за фекално загадување, укажуваат на човечко влијание врз акумулацијата“, е оценката на стручните лица од Хидробиолошкиот завод, кој анализата ја правеше по порачка од „Лисиче“.
Од Хидробиолошки завод препорачуват механичко отстранување на површинската наслага која плива по водата. Како спас за акумулацијата се наведува дека е потребно снабдување на езерото со свежа вода, со кислород. Концесионер на водата од езерото е „Лисиче“, а концесионер за управување со рибите е „Бабуна“ од Велес.
Во текот на јуни и јули, две меѓусебно независни мерења на квалитетот на површинските води на Езерото Младост на приватната лабараторија „Фут лаб“ од Скопје, а по барање на Општина Велес и на велешкиот Центар за јавно здравје од Велес, покажаа дека водата е исправна за капење и рекреација.
П. ПЕЧКОВ