ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АРТАН ГРУБИ ЈА МИЕШЕ ЧАРШИЈАТА ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ, СООПШТИ „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

    ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АРТАН ГРУБИ ЈА МИЕШЕ ЧАРШИЈАТА ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ, СООПШТИ „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“Првиот вицепремиер Артан Груби синоќа со црево од цистерната на „Комунална хигиена“ ја чистеше калдрмата. (Фото: Принтскрин од видео на Фејсбук)

    ЈП „Комунална хигиена“ од синоќа врши рачно и машинско миење на поголемите исламски верски објекти низ Скопје за празникот Рамазан Bајрам, соопштија од јавното градско претпријатие. Со употреба на три автоцистерни и едно специјално комунално возило били извршено миење на дворовите и непосредната околина на џамиите на Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај.

    Во акцијата за миење на Чаршијата синоќа се вклучил и првиот вицепремиер Артан Груби кој објави видео на својот фејсбук провил на кое се гледа дека со црево од цистерната на „Комунална хигиена“ ја прска калдрмата.

    Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани и скопскиот муфтија, Кенан Исмаили апелираа до верниците за совесно однесување односно да не фрлаат ѓубре кај ќе стигнат.

    „Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан бајрам, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и оваа година спроведоа засилени активности за чистење на исламските верски објекти. Ја користам оваа прилика на сите муслимански верници да им го честитам претстојниот празник со надеж дека сите заедно преку одговорно и внимателно однесување ќе придонесеме за одржување на хигиената и чистотата во нашите верски објекти и на тој начин ќе го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите семејства“, изјави директорот Шабани.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира