ВЛАДАТА ДА ИСПИТА КАДЕ ОТИДОА ПАРИТЕ ОД ПРВИТЕ МЕРКИ ШТО ГИ ДОБИЈА 300 КОМПАНИИ, А РАБОТНИЦИТЕ ОСТАНАА СО ПРАЗНИ РАЦЕ, БАРА „ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“

    ВЛАДАТА ДА ИСПИТА КАДЕ ОТИДОА ПАРИТЕ ОД ПРВИТЕ МЕРКИ ШТО ГИ ДОБИЈА 300 КОМПАНИИ, А РАБОТНИЦИТЕ ОСТАНАА СО ПРАЗНИ РАЦЕ, БАРА „ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ“Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ вели дека од првата владима мерка за помош дури 300 компании не ја исплатиле финансиската подршка за работниците, а 7.000 компании исплатиле под минималната плата. (Фото: СДК.МК)

    „Од првата помош што како мерка ја даде Владата, дури 300 компании не ја исплатиле финансиската подршка за работниците, а 7.000 компании исплатиле под минималната плата“, вели Кристина Ампева од граѓанското здружение „Гласен текстилец“ од Штип, кое ги застапува интересите на работниците во текстилната и кожарската индустрија на ниво на цела држава па и во странство.

    Ампева вели нема ништо против одлуката на Владата за финансиката помош за последните три месеци од 2020 година во услови на коронавирус, тоа е добро, но пред да се донесе конечна одлука на Парламентот, претходно Владата треба да даде одговор за злоупотребената финансиска поддршка со првата мерка.

    „Нова финансика поддршка без претходно да ни се дадат одгвори што стана со наменските буџетски средства од првите мерки е нетранспаретно и неодговорно“, вели Ампева и бара отчетност за првите мерки, оти смета дека може многу лесно да се случи финансиsката поддршка пак да биде злоупотребена и работниците за кои се носат овие мерки пак да останат со празни раце.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира