ВЛАДАТА ДА ОТВОРИ ДРЖАВНА КОНФЕКЦИЈА, ПА ДА ВИДИ КАКВА ЕКСПЛОАТАЦИЈА ТРПИМЕ, РЕКОА ТЕКСТИЛНИТЕ РАБОТНИЦИ НА ПРОТЕСТОТ ВО ШТИП

    ВЛАДАТА ДА ОТВОРИ ДРЖАВНА КОНФЕКЦИЈА, ПА ДА ВИДИ КАКВА ЕКСПЛОАТАЦИЈА ТРПИМЕ, РЕКОА ТЕКСТИЛНИТЕ РАБОТНИЦИ НА ПРОТЕСТОТ ВО ШТИПТекстилните работници бараат да не работат за викендите и прекувремената работа да им се плаќа затоа што сега заработуваат за гола егзистенција (Фото: СДК.МК)

    Неколку стотици текстилни работници од Штип, Пробиштип и Кочани на протестот пред зградата на поранешната МК „Астибо “ во Штип упатија порака до Владата и државните институции да донесуваат закони што ќе ги штитат работниците, а не сопствениците на фабриките.

    „Ако сака да се увери во експлоатацијата и во профитот што го остваруваат сопствениците, Владата нека отвори државна фабрика, па да види како изгледа тоа. Одлучни сме против обидите експлоатацијата која сега се врши во текстилната индустрија да се озакони. Енергично сме против зголемувањето на работното време и бараме државата да ги спречи неплатената прекувремена работа и работата за викендите и празниците, да има законски годишен одмор и исплата на полн К-15, а не како досега, да се исплатува регрес за годишен одмор од по 100 денари“, рекоа повеќе работници, главно жени, кои јавно говореа пред насобраните колеги.

    Тие добија поддршка од претставниците на Здруженито „Гласен текстилец“ и од Хелсиншки комитет, кои биле поканети на протестот што сами го организирале работниците од трите града.

    „Веќе неколку години постојано добиваме поплаки од работници во текстилната, кожарската и чевларската индустрија и нивните пријави ги проследуваме до институциите во системот, кој повеќе треба да се заложи за работнциите и да ги штити нивната права“, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

    Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ смета дека на 70 насто од работнциите не им се плаќа прекувремената работа и им честиташе на насобраните работници што се охрабриле и дошле во голем број на протестот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари