ВЛАДАТА ПОДГОТВУВА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ СО КОИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПРОДОЛЖУВА РАБОТНИОТ СТАЖ ПО ИСПОЛНЕТИ УСЛОВИ ЗА ПЕНЗИЈА

    ВЛАДАТА ПОДГОТВУВА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ СО КОИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ПРОДОЛЖУВА РАБОТНИОТ СТАЖ ПО ИСПОЛНЕТИ УСЛОВИ ЗА ПЕНЗИЈАРаботниците едвај чекаат да одат во пензија, а некои го продолжуваат работниот век“, кажа Заев при вчерашната посета на опожарениот предел крај Велес

    Владата разработува законско решение со кое ќе се укине праксата дел од полициските службеници да го продолжуваат работниот век, иако имаат бенефициран стаж. Ова го најави премиерот Зоран Заев при престојот во Велес вчера.

    „Нека завршат математиките што ги прават стручните служби и ќе има промени во Законот за пензионирање. Владата го препознава овој момент полициските службеници да го продолжуваат работниот однос. Со укинувањето на продолжувањето на работниот стаж, ќе се отворат и нови работни места, за младите“, кажа Зев.

    Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, додаде дека и на просветните работници не треба да им се продолжува работниот век, во интерес на младите, на што премиерот Заев потврди „да, и за наставниците“.

    „Законското решение ќе претрпи промени. Работниците едвај чекаат да наполнат години и да одат во пензија, додека во некои струки тоа се продолжува. Правиме пресметки колку тоа ќе го чини пензискиот фонд. Кога ќе пресметаме, набргу ќе излеземе во јавност со решение“, додаде Заев.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари