ВЛАСТА ЌЕ ВРАБОТИ 67 ЛИЦА ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВЛАСТА ЌЕ ВРАБОТИ 67 ЛИЦА ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО БИТОЛА

    67 лица ќе се вработат во јавните претпријатија во Битола кои се под општинска капа. Годишните програми за вработување треба да бидат  разгледани и прифатени денес (понеделник) на седница на Совет, на неколку месеци пред  одржувањето на локалните избори.

    Се очекува жестока и долга дискусија од локалната опозицијата која се сомнева  дека се работи за предизборни вработувања,  иако плановите се на годишно ниво.

    Според материјалите доставени од општинските служби, најголем број на нови вработувања ќе има во „Нискоградба“ дури 31, па во „Комуналец“ 22, „Водовод“ 8 и најмалку во „Пазари“ 6. Новите вработувања се правдаат најмногу со ослободување на работни места по основ на пензија, досега непополнети места и поефикасна реализација на услугите. Дел од кадрите се веќе на работните места зашто за некои од нив и во текот на минатата година имало конкурси.

    Во пензија или пак по друг основ од јавните претпријатија ќе заминат дваесетина  работници, а ќе се вработат тројно повеќе. Така, според доставените материјали во „Нискоградба“ се најавени 9 заминувања, а се планирани 31 ново вработување. Во „Комуналец“ заминуваат шестмина, а ќе се вработат 22.

    Меѓу нововработените ќе има од општи работници, хигиеничари, стражари, референти, па се до помошници на директори.

    Ж.Здравковска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира