ВЛАСТА НÈ СМЕТА ЗА АМОРФНА МАСА, НÈ МЕСИ КАКО ЗА КИФЛИ, А ПЕНЗИИТЕ НИ СЕ КОЛКУ ЗА ЛЕКОВИ И СМЕТКИ, ПРОТЕСТИРАА ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

    ВЛАСТА НÈ СМЕТА ЗА АМОРФНА МАСА, НÈ МЕСИ КАКО ЗА КИФЛИ, А ПЕНЗИИТЕ НИ СЕ КОЛКУ ЗА ЛЕКОВИ И СМЕТКИ, ПРОТЕСТИРАА ШТИПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИШтипските пензионери на протестот барааа линеарно зголемување на пензиите, од по 5.000 денари. (Фото: СДК.МК)

    На денешниот протест на штипските пензионери што се одржа на плоштадот Слобода во Штип, пензионерите го повторија нивното главно барање за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија. Штипското граѓанско здружение на пензионерите поради здравствени проблеми доживеа смена во раководството кое денеска организираше уште еден протест во центарот на градот.

    „Власта и натаму нè смета како аморфна маса, нè меси, гмечи, како за кифли, а ние имаме пензии колку за лекови и за сметки. Затоа, преиначеното граѓанско здружение Достоинствени пензионери останува на своето првично барање за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари“, рече новиот координатор Трајче Митев.

    Другите пензионери рекоа дека власта досега се оглушуваше од нивните барања, а сега кога се распишаа изборите почнаа да им доаѓаат на врата.

    „Разни емисари и политички полтрони и душегрижници почнаа да ни се јавуваат на телефоните и да ни вршат притисоци за нашите активности. Јавно зборуваат дека нема пари, а ние добро знаеме дека пари има и покрај тоа што тие си ги зголемија своите плати за 78 проценти. Сега сакаат уште повеќе да си ги покачат, а на нас ни нудат срамни 4 проценти“, рече пензионерот Илија Димишков.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира