ВО БИТОЛА СЕ ОТВОРИ ДУПКА ДЛАБОКА ДВА МЕТРA, СЕ ИСПИТУВА КАКО НАСТАНАЛА

    ВО БИТОЛА СЕ ОТВОРИ ДУПКА ДЛАБОКА ДВА МЕТРA, СЕ ИСПИТУВА КАКО НАСТАНАЛАВодата со која е исполнета дупката не мириса на фекалии, туку е чиста (Фото: СДК.МК)

    По Куманово, и во Битола се појави дупка, со пречник од околу половина метар, длабока околу два метри, а во внатрешниот дел исполнета со вода.

    Дупката, за која засега не се знае од што точно се појавила, е во непосредна близина на хотелот „Битола“, кадешто престојуваат и стари лица. Во околината има и згради, центри за едукација на деца и фирми. На парче картон е поставен натпис „пази дупка“, но тоа како уште повеќе да го привлекува вниманието на минувачите. Тоа е опасно, бидејќи околното земјиште се лизга.

    „Бараме веднаш да се затрупа, оти е опасна“, рече мајка со дете, која минуваше во близина.

    Вработени во хотелот се обидоа да ја затрупаат дупката.

    „Дали е септичка јама или, пак, бунар останат од минатото, не знаеме“, рекоа тие.

    Од јавното комунално претпријатие „Нискоградба“ веќе извршиле увид на местото. Се испитува од што настанала дупката, за да можат да се преземат соодветни мерки за нејзина санација. Се испитува дали се подземни води, во близина на дупката минува и канализација, но водата со која е исполнета не мириса на фекалии, туку е чиста.

    Пред пет години, дупка широка четири и длабока три метри се имаше појавено на Смилевскиот Баир во Битола. Тогаш се претпоставуваше дека се работи за пештера од времето на Втората светска војна и беше затрупана.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира