ВО БИТОЛА ЗА ПРВПАТ ПОСТАВЕНИ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ

    ВО БИТОЛА ЗА ПРВПАТ ПОСТАВЕНИ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИКонтејнерите се со две или три комунални единици, па на одредени места има можнoсти за селектирано одлагање отпад. (Фото: СДК.МК)

    На пет локации од улицата Васко Карангелевски во Битола поставени се 12 подземни контејнери за собирање отпад. Ваквиот пристап за комунален смет за првпат се применува во Битола. Контејнерите се сместени во подземен простор, кој е покриен со метална платформа над која се поставени садови во кои граѓаните го оставаат ѓубрето. Тоа паѓа директно во подземните контејнери кои со помош на механизам се подигаат од подземниот простор, се празнат и се враќаат назад.

    Контејнерите се со две или три комунални единици, па на одредени места има можнoсти за селектирано одлагање отпад.

    „Граѓаните имаат точно предвиден отвор за поставување на отпадот. Не би сакале да гледаме слики на отпад наоколу, на користење на отпад од други локации, или пак на градежен шут и други типови смет кои не се соодветни за постапување во овие подземни контејнери“, рече директорот на ЈП „Комуналец“, Панде Богоевски.

    Советот на Општина Битола веќе даде одобрение за поставување вакви подземни контејнери во центaрот на градот, односно на просторот кај Безистенот, кај Јавор, кај Стаклената зграда и Театарот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира