ВО БИТОЛА ЗАСАДЕНИ НАД 25.000 ЦВЕЌИЊА, ОКОЛУ 900 СЕ УКРАДЕНИ

    ВО БИТОЛА ЗАСАДЕНИ НАД 25.000 ЦВЕЌИЊА, ОКОЛУ 900 СЕ УКРАДЕНИ„Комуналец“ од оваа година само ги одгледува цвеќињата во свои пластеници (Фото: СДК.МК)

    Битола оваа пролет е разубавена со над 25.000 сезонски цвеќиња што јавното претпријатие „Комуналец“ само ги одгледува во свои пластеници. Ова е само прва фаза од годинашниот план на Општината за зголемување на цветните површини. Ќе се засадат уште, така што, според најавите, Битола девет до десет месеци годишно ќе има цветни леи.

    „Ваквото освежување се случува со заштеда од милион денари, зашто оваа година ‘Комуналец’ ги збогати капацитетите со кои располага и направи свои расади. Претходно се случуваше преку тендерски постапки да се набавуваат цветни садници за градот, но овојпат, целото цвеќе е производство на  ‘Комуналец‘“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

    На местата каде што се посадени цвеќињата за наводнување е поставен систем капка по капка.

    Но, забележани се и кражби на цвеќињата. Досега се украдени околу 900.

    „Намерата ни е да го прошириме пластеничкото производство следната година и да направиме нов вид на соработка со граѓаните, да им подаруваме одредена количина на оние кои се заинтересирани“, вели Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира