ВО КУМАНОВО ПРВАЧЕ ПОЗИТИВНО НА КОРОНАВИРУС, УЧИТЕЛКАТА И НЕГОВИТЕ 30 СОУЧЕНИЦИ ВО ИЗОЛАЦИЈА

    ВО КУМАНОВО ПРВАЧЕ ПОЗИТИВНО НА КОРОНАВИРУС, УЧИТЕЛКАТА И НЕГОВИТЕ 30 СОУЧЕНИЦИ ВО ИЗОЛАЦИЈАЗаразениот ученик се чувствува добро и ја следи онлајн наставата (Фото: СДК.МК)

    Учителка и 30 ученици од прво одделение од основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово се во изолација, откако нивно другарче е позитивно на ковид-19. Детето се заразило од член на семејството, кој за време на продолжениот викенд дознал дека е позитивен. Во меѓувреме, и детето развило симптоми и направило тест, кој покажал дека е суспектно. За здравствениот проблем го известиле училиштето.

    „Случајот веднаш го пријавивме во Центарот за јавно здравје во Куманово и по извршените проверки беше одлучено учениците и одделенскиот наставник да бидат ставени во 10-дневна изолација, иако сите се добро. Детето не било во контакт со своите другарчиња од петокот, но, сепак, мора да се запазат сите мерки на заштита. Во училницата каде што се изведува наставата се поставени пексиглас паравани и учениците немаат контакт меѓу себе. Се надевам дека другите деца нема да имаат здравствени проблеми“, вели директорот на училиштето Александар Јовановиќ, кој тврди дека максимално ги спроведуваат протоколите за заштита на децата, во што се увериле и инспекторите на Државниот санитарен инспекторат и на Просветниот инспекторат.

    Директорот додава дека се во постојан контакт со родителите. По првите симптоми, детето се чувствува добро и заедно со своите другарчиња ја следи онлајн наставата.

    Од училиштето апелираат до родителите да водат сметка каде се движат учениците по завршување на наставата.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира