ВО ОХРИД ИМА МНОГУ БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 20 ДО 40 ГОДИНИ, НЕМА ВЕЌЕ МЕСТО ВО НОВАТА МОНТАЖНА БОЛНИЦА

    ВО ОХРИД ИМА МНОГУ БОЛНИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 20 ДО 40 ГОДИНИ, НЕМА ВЕЌЕ МЕСТО ВО НОВАТА МОНТАЖНА БОЛНИЦАСè поголем е бројот на пациенти од 20 до 40 години,повеќето се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка. (Фото: СДК.МК)

    Состојбата во Охрид со ковид пандемијата е критична. Според статистичките податоци за новозаболени на дневна основа, градот е на врвот на листата веќе подолг период. Исполнети се болничките кревети во новопоставената монтажна болница, каде моментално има 35 пациенти. Позитивни пациенти има и на Интерното одделение, со што вкупно хоспитализирани се 60 болни.

    „За жал, сè поголем е бројот на помлади пациенти од 20 до 40-годишна возраст, кои претходно немале други заболувања. Повеќето од нив се со тешка клиничка слика приклучени на кислородна поддршка“, вели главната сестра на болницата Анета Волканоска.

    Здравствената установа ги проширува капацитетите на монтажната болница со додавање девет нови контејнери со што ќе се обеззбедат дополнителни 20 болнички легла.

    „Модуларната болница за многу кратко време се исполни. Со новите контејнери ќе добиеме дополнителен капацитет кој ни е повеќе од неопходен во овај период. Спремни сме и просторно и кадровски да одговориме на потребите на пациентите. Доколку е потребно, ќе обезбедиме и дополнителни кревети и на другите одделенија“, вели директорот на Општата болница д-р Горан Балески.

    Од почетокот на пандемијата, во охридската Општа болница има околу 900 хоспитализирани пациенти. Најмладиот имал 27 години. Дневно во лабараторија има и до 100 пациенти, на рентген 70, а исто толку и за инфузиона терапија. За прегледи во Интерното одделение дневната бројка надминува и над 100 пациенти.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира