ВО ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА ИМА УШТЕ 9 МЕСТА ЗА ПРИЕМ НА БОЛНИ ОД КОВИД-19, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ БАЛЕСКИ

    ВО ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА ИМА УШТЕ 9 МЕСТА ЗА ПРИЕМ НА БОЛНИ ОД КОВИД-19, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ БАЛЕСКИВкупно има место за 25 пациенти, а сега на Инфективното одделение има 16 болни со потврдена дијагноза, вели директорот на Охридската болница д-р Горан Балески. (Фото: СДК.МК)

    Во Општата болница во Охрид има уште 9 слободни кревети за болни од КОВИД-19. Вкупно има место за 25 пациенти, а сега на Инфективното одделение има 16 болни со потврдена дијагноза, вели директорот д-р Горан Балески.

    Д-р Балески вели дека вчера примиле три нови пацинети, а три испратиле во Битолската болница со која имаат одлична соработка.

    „Ние секое утро од Министерството за здравство добиваме информации во која болница постои можност за упатување на пациенти од кај нас. Сакам да потенцирам дека имаме одлична соработка со колегите во Битолската болница, каде упатуваме пациенти од овде”, вели д-р Балески.

    Во Охрид моментално има 71 активенсо КОВИД-19, а меѓу нив има и такви кај кои нема видливи симптоми, но им се земени брисеви и се очекуваат резултатите. Досега во Охрид се починати двајца од коронавирусот.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира