ВО ПЕТ ОХРИДСКИ СЕЛА ВОДАТА ОД ЧЕШМИТЕ Е НЕБЕЗБЕДНА

    ВО ПЕТ ОХРИДСКИ СЕЛА ВОДАТА ОД ЧЕШМИТЕ Е НЕБЕЗБЕДНАВо селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување е без дезинфекционо средство и со матност поголема од законски пропишаната вредност.

    Во пет охридски села водата од чешмите не е за пиење, соопштија од Центарот за јавно здравје во Охрид.

    При извршената редовна контрола на квалитетот на водата за пиење во дел од селските водоводи во општина Охрид која е извршена вчера од страна на Центар за јавно здравје Охрид констатирано е дека во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување е без дезинфекционо средство и со матност поголема од законски пропишаната вредност. Според тоа водата за пиење системот за водоснабдување од горенаведените села не е здравствено безбедна за пиење, соопштија од Центарот за јавно здравје во Охрид

    „Апелираме до жителите во овие села да избегнуваат користење на ваквата вода за пиење, а до надлежните кои стопанисуваат со водоводите да преземат соодветни мерки за надминување на проблемот и обезбедат здравствено безбедна вода за пиење. Центар за јавно здравје Охрид редовно ќе ја следи состојбата и навремено ќе информира за квалитетот на водата за пиење во горенаведените села“., изјави директорот на оваа установа Сашо Точко.

    Резултатите од анализата се испратени и до инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство во Охрид за натамошно постапување.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари