ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СПАСЕНО НЕКОЛКУМЕСЕЧНО БЕБЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ЗГРАДАТА НА НЕКОГАШНОТО ПРВО ШТИПСКО ЗАБАВИШТЕ

    ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СПАСЕНО НЕКОЛКУМЕСЕЧНО БЕБЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ЗГРАДАТА НА НЕКОГАШНОТО ПРВО ШТИПСКО ЗАБАВИШТЕСтарата зграда во која живеат 20-на сиромашни семејства е во центарот на Штип. (Фото: СДК.МК)

    Неколкумесечно бебе е спасено пожарот кој ја изгорел целата покуќнина во зградата на некогашното прво штипско забавиште во центарот на Штип, спроти сегашната зграда на Штипскиот суд. Оваа зграда по Втората светска војна била и првото седиште на Штипскиот суд, а во неа повеќе од 20 години се смесетени десетина сиромашни семејства, кои останаа без покуќнината што во пожарот целосно изгоре.

    „Го спасивме бебето кое спиеше. Многумина од семејствата кои живеат во овој стар и дотраен објект беа излзени надвор. Цела среќа што бев во близина на куќата, па кога видов чад веднаш отидов дома и во последен момнент го спасив бебето кое спиеше и ќе беше задушено“, вели еден од станарите.

    Противпожарната единица интервенирала веднаш по најавата и со две возила успеа експресно да го локализира пожарот кој веќе ги зафатил и старите греди на куќата која и така била пред распаѓање. Пожарникарите сметаат дека пожарот се проширил од импровизирано буре кое било пренаменето во шпорет за загревање.

    Локалната власт најавува урбанистичка ревизија на овој дел во центарот на градот каде се наоѓаат неколку стари куќи кои од потекнуваат од минатиот век и се пред руинирање.

    Т. ЈОВАНОВСКИ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира