Попладнево, поради искрење на жици пожар изби во селото Мршевци, Општина Илинден. Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона. Во пожарот e запалена е црквата во селото Мршевци. Од овој пожар мирис на чад се чувствува и во Скопје.
„Од густиот чад на автопатот имаше намалена видливост поради што дојде и до сообраќајна несреќа, па автопатот сè уште е затворен. Поради силниот ветер не може да полетаат ‘ер-тракторите’ и хеликоптерите и да се вклучат во гасење. На терен се скопската Пожарна, но и локално население. Со тешка маханизација се прават препреки пожарот да не се прошири“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Пожар од искрење на жици има и во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане каде се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац.
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во земјава има 11 активни пожари.