ВО РИЧ И БЕЛОТИНО СМЕЕШ ДА СЕ РАЗБОЛИШ САМО ВО СРЕДА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:48:"Струмица(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО РИЧ И БЕЛОТИНО СМЕЕШ ДА СЕ РАЗБОЛИШ САМО ВО СРЕДА

    Жителите од ридско-планинските населени места Рич и Белотино мора да патуваат и по 25 километри до Струмица за да отидат на лекар. Во овие две села, како и во соседните Попчево и Раборци кои се нешто поблиску до градот, нема амбуланта за примарна здравствена заштита, па жителите или ќе мора да патуваат до Струмица или да чекаат да дојде среда, кога од  Здравствениот дом им испраќаат медицински тим составен од лекар, сестра и возач.

    78-годишната Ѕена Стојкова трипати неделно патува до Струмица кај својот матичен доктор, што за преглед, што за препишување лекови. Вели дека боледува од повеќе болести, но сѐ уште се движи. Таа не отиде кај докторката што ги посети во селото, бидејки како што вели, се правеле само обични прегледи без да препишат лекови или пак да ти дадат инјекции.

    78-годишната Ѕена Стојкова трипати неделно патува до Струмица кај својот матичен доктор, што за преглед, што за препишување лекови (Фото: СДК.МК)

    78-годишната Ѕена Стојкова трипати неделно патува до Струмица кај својот матичен доктор, што за преглед, што за препишување лекови (Фото: СДК.МК)

    „Одиме во Струмица на лекар бидејки овде доаѓаат само еднаш неделно. Ниту имаат инјекции ниту лекови. Само притисок мерат и не препраќаат кај нашите матични. Овде во Рич треба да се донесе доктор што постојано ќе не лечи, да си има амбуланта со сестра и со инјекции и апчиња. Како што сме далеку, по пат можеш да умреш. Не дај боже да ти стане лошо ноќе, или пак да примаш инјекции на 12 часови, што пари ќе фрлиш по превоз“, вели Ѕена, мајка на еден од загинатите шумари во пожарот што ја зафати Струмица пред четири години.

    Ретко кој дипломиран лекар сака да работи во рурални подрачја, вели директорот на Здравствен дом Струмица Васко Чаушевски (Фото: СДК.МК)

    Ретко кој дипломиран лекар сака да работи во рурални подрачја, вели директорот на Здравствен дом Струмица Васко Чаушевски (Фото: СДК.МК)

    „Како не е потребна амбуланта, не сме мало село. Имаме деца, стари лица. Треба државата да најде решение за постојан лекар овде, а не да доаѓа само во среда. Што ако ни се слоши друг ден. Ќе чекаме среда да дојде? Такси возило тешко доаѓа до овде. Треба да се молиш по роднини, соседи да го однесеш детето до болница“, вели Тони Трајков.

    Во Рич живеат околу 400 жители а во соседното Белотино 50-тина. За нив секоја среда Здравствен дом Струмица испраќа лекар со медицинска сестра. Вршат бесплатни прегледи во периодот од 10 до 12 часот. Медицинскиот тим го посетивме во просториите што се планирани за селска амбуланта. Докторката им го мереше крвниот притисок на лицата што ги затекнавме. Велат дека многу малку пациенти се обраќале до нив за помош за време на престојот и дека им се помага на жителите во зависност од нивните потреби.

    Во Рич живеат околу 400 жители а во соседното Белотино 50-тина. За нив секоја среда Здравствен дом Струмица испраќа лекар со медицинска сестра (Фото: СДК.МК)

    Во Рич живеат околу 400 жители а во соседното Белотино 50-тина. За нив секоја среда Здравствен дом Струмица испраќа лекар со медицинска сестра (Фото: СДК.МК)

    „Руралните подрачја ги покриваме со категоријата рурален доктор. Имаме 10 села кои се пооддалечени од Струмица каде испраќаме еднаш неделно екипа составена од лекар сестра и возач, комплетно опремени за давање примарна здравствена заштита. Може да се прегледаат или да им се направи ЕКГ, да им се препише орална  или да примаат парентерална терапија. Овие рурални доктори може и да закажат термини кај специјалисти. Имаме распоред со точни утврдени термини во секое село од понеделник до петок“, вели директорот  на Здравствен дом Струмица Васко Чаушевски.

    Чаушевски вели дека за отварање на постојани амбуланти за примарна здравствена заштита во руралните средини е одговорен Фондот и Министерството за здравство. Од таму треба да одлучат кои места ќе се прогласат за рурални за да распишат оглас за ангажирање матичен лекар со стимулации од државата.

    „По овој основ во струмичко се отвори само една амбуланта и тоа во Ново Коњарево. На огласот од министерството се јави лекар што сака да работи во рурални подрачја независно од бројот на осигурениците. Не знам дали во Рич ќе се отвара рурална амбуланта на сметка на државата. Сѐ дотогаш ние ќе ги покриваме со примарна здравствена заштита“, вели Чаушевски и додава дека ретко кој дипломиран лекар сака да работи во рурални подрачја.

    Медицинскиот тим еднаш неделно мери притисок и закажува термин кај специјалисти (Фото: СДК.МК)

    Медицинскиот тим еднаш неделно мери притисок и закажува термин кај специјалисти (Фото: СДК.МК)

    Според него, младите лекари од Струмица претендираат да работат во урбаните средини  и колку што може побрзо да се запишат на специјализација. Како пример ги посочува неколкуте населени места, каде на огласите на Здравствениот дом за издавање на амбуланти под концесија не се јавил ниту еден лекар што сакал да работи во село, а камо ли во некое ридско-планинско село кое е ставено во категоријата рурално подрачје.

    Државата за отварање на рурални амбуланти  предвидува месечна стимуалција за лекари од 66 до 99 илјади денари, во зависност од тоа колку осигурени лица ќе згрижат. Во првите две години лекарот може да работи без медицинска сестра, а помош од државата се предвидува сѐ додека докторот  не стане матичен на најмалку 700 пациенти. Во Македонија вакви рурални амбуланти функционираат во 16 населени места.

    Од Министерството за здравство не одговорија дали и кога планираат да распишат оглас за рурална амбуланта за Рич и Белотино  на сметка на државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира