ВО ШТИП СЕ ВОВЕДУВА СОЛИДАРНА ПАРКИНГ ЗОНА, 20% ОД ЦЕНАТА ЌЕ ОДИ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

    ВО ШТИП СЕ ВОВЕДУВА СОЛИДАРНА ПАРКИНГ ЗОНА, 20% ОД ЦЕНАТА ЌЕ ОДИ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИОвие паркинг зони ќе бидат на пет локации во централното градско подрачје (Фото: СДК.МК)

    Во Штип, кој располага со 800 паркинг места, се воведува посебна паркинг зона, каде што 131 место ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

    Според усвоената одлука од Советот на Општината, овие паркинг зони ќе бидат на пет локации во централното градско подрачје околу реката Отиња, кои во наредниот период ќе бидат посебно означени, при што 20% од цената на паркирањето ќе биде наменето за локални хуманитарни цели.

    Опозицијата обвинуваше дека општинската власт сака под превезот на хуманитарноста да го скрие поскапувањето на паркирањето во оваа зона од 20 на 30 денари и исто толку за секој нареден час. За овие паркинг места надомест ќе плаќаат и оние граѓани кои имаат повластени месечни или годишни билети, со исклучок на одредени категории граѓани кои треба да имаат посебни поволности поради нивниот хендикеп.

    Хуманитарната паркинг зона е во центарот на Штип, на платформите на реката Отиња кај Здравствениот дом и Народниот театар, кај судската зграда и трговскиот центар, кај плоштадот Слобода и ОУ ‘Ванчо Прќе‘ пред зградата на Општината, каде што граѓаните кога доаѓаат за свои итни потреба не можат да најдат слободен паркинг. Ваквата зона ќе овозможи да има повеќе места за паркирање на главните паркинзи и да има средства за хумани цели“, појаснија поднесувачите на предлогот од локалната власт.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира