ВО СТРОГ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПАРКИРААТ САМО ЖИТЕЛИТЕ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ

    ВО СТРОГ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ПАРКИРААТ САМО ЖИТЕЛИТЕ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВНовото раководство на Град Скопје најавува и поскапување на паркирањето во деновите кога загадувањето на воздухот е високо. - Паркирани автомобили на улицата Никола Кљусев близу Плоштадот Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Во строгиот центар на градот ќе можат да се паркираат само жителите, најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој најави дека во неговиот мандат ќе спроведе мерки за постепено ослободување на пешачките зони кои сега се узурпирани од возила.

    Не само тротоарите, туку и пешачките улици на кои што е забрането сообраќај околу хотелот „Јадран“ и улицата Никола Вапцаров се претворени во паркинг. Пешаците нема каде да поминат од испаркирани возила. Иако Град Скопје и Општина Центар најавуваа дека ќе поставуваат хидраулични столбчиња, со што ќе се забрани влез на возила, освен на оние за дотур на роба, пешаците нема каде да поминат од испаркирани коли.

    Градоначалникот Шилегов најавува комплетна реорганизација на паркирањето во строгиот центар.

    „Ќе го реорганизираме паркирањето во рамките на постоечката инфраструктура. Постепено ќе ги ослободиме пешачките зони и тротоарите од автомобили и ќе воведеме режим каде може, а каде не може да се паркира. Со тек на време ќе воведеме и резиденцијално паркирање за луѓето кои живеат во тој дел, како единствен начин на паркирање во централното градско јадро“, вели Шилегов.

    Новото раководство на Град Скопје најавува и поскапување на паркирањето во деновите кога загадувањето на воздухот е високо. Шилегов вели дека ќе се воведе скалесто поскапување на цените за паркирање, а намалување на билетите во автобусите со цел да ги стимулираат граѓаните да го користат јавниот превоз.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира