ВО СТРУГА НАМЕРНО ГИ ПАЛАТ ТРСКИТЕ ЗА ДА ПРАВАТ ПЛАЖИ, ПОЖАРНИКАРИТЕ ГАСАТ СО КАЈЧИЊА

    ВО СТРУГА НАМЕРНО ГИ ПАЛАТ ТРСКИТЕ ЗА ДА ПРАВАТ ПЛАЖИ, ПОЖАРНИКАРИТЕ ГАСАТ СО КАЈЧИЊАПожарникарите не можеа да го изгаснат огнот бидејќи немаат опрема за гасење во вода па пробаа да гасат со кајчиња (Фото: СДК.МК)

    Горат трските во Струга од Женска плажа до одморалиштето „25 Мај, јавува репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Во пожарот покрај трските, изгореа неколку кајчиња и педалинки.

    Пожарникарите не можеа да го изгаснат огнот бидејќи немаат опрема за гасење во вода. Прво пробаа да гасат од брегот, но бидејќи млазот не стигнуваше до огнот, се качија на кајчиња. Но, од притисокот на млазот, кајчињата беа туркани кон плажата, па на крај импровизираа – еден од нив се држеше за трските, а другиот го гаснеше огнот.

    Полицијата се сомнева дека трските се палат намерно за да се ослободи простор за плажи. Пред три недели беше запалена трската на потегот од селото Радожда кон хотелот „Бисер“, а минатиот месец гореше и трската кај селото Подмоље во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“, каде што минатата година беше најавена изградба на луксузна медитеранска плажа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира