ВО ТЕТОВО ИСКРШЕНИ ДЕСЕТИНА ДРВЦА КОИ НЕОДАМНА БЕА ЗАСАДЕНИ

    ВО ТЕТОВО ИСКРШЕНИ ДЕСЕТИНА ДРВЦА КОИ НЕОДАМНА БЕА ЗАСАДЕНИОва не е првпат да се оштетува зеленилото засадено по тетовските улици (Фото: СДК.МК)

    Засега непознати сторители вчера искршиле десетина млади дрвца на улицата кај градскиот стадион. Дрвцата неодамна беа засадени кога се реновираше оваа улица. Од Општина Тетово посочуваат дека ова не е првпат да се оштетува зеленилото засадено по тетовските улици.

    „Оштетени се десетина дрвца кај градскиот стадион, а причините ги знае само сторителот, за кој кога ќе се открие, ќе бидат преземени соодветни дејства. Ова не е првпат да се случи вакво нешто. Неодамна беше оштетена урбаната опрема околу едно средно училиште, а оштетувања на зеленилото и опремата имаше и на шеталиштето кон месноста Бањиче и во Жена паркот. Она што ни преостанува е да апелираме да се чува она што е направено во интерес на граѓаните. Исто така, ги замолуваме граѓаните кои се очевидци на ова уништување веднаш да пријават за да можеме брзо да реагираме“, соопштуваат од канцеларијата за односи со јавност на Општина Тетово.

    Тетово некогаш важеше за зелена оаза и град со најмногу дрвја, но со брзата урбанизација, уште побрзо исчезнуваше градското зеленило.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира