ВО ТЕТОВО ОБЕЗБЕДЕНИ 15 ПАРКИНГ МЕСТА НАМЕНЕТИ ЗА АВТОМОБИЛИ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

    ВО ТЕТОВО ОБЕЗБЕДЕНИ 15 ПАРКИНГ МЕСТА НАМЕНЕТИ ЗА АВТОМОБИЛИ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТНа специјално обележаните паркинг места ќе можат бесплатно да се паркираат и возила од други градови. (Фото: СДК.МК)

    Јавното претпријатие „Градски паркинг“ Тетово на неколку клучни локации во градот постави вертикална сигнализација за паркинг места на кои бесплатно ќе можат да се паркираат возилата на лица со попреченост. На овие специјално обележани паркинг места ќе можат бесплатно да се паркираат и возила и од другите општини од Тетовскиот Регион како и од сите градови од државата чии возила имаат соодветна лепенка дека се на лица со попреченост.

    „Обележани се 15 вакви паркинг места и тоа во близина на Основен суд, Клиничката болница, градскиот пазар, неколку места има обележано и во строгиот центар каде се наоѓаат банките. Поштата, како и пред основното училиште Лирија каде учат деца во посебни паралелки. Апелираме до возачите да бидат одговорни и солидарни, да не ги узурпираат местата предвидени за паркинг на оваа категорија на лица“, соопштија од ЈП “Градски паркинг” Тетово.

    На овие места и до сега имаше поставено само хоризонтална сигнализација која речиси воопшто не се почитување од несовесните возачи. Ова јавно претпријатие за оваа година за лицата со попреченост од Општина Тетово, издаде околу 200 одобренија за бесплатно паркирање на сите паркинг местата на улиците во Тетово кои се под негова надлежност. На овие паркинг места бесплатно паркирање на возилата на лицата со попреченост е дозволено во траење од максимум 3 часови.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира