ВО ТЕТОВО ЗАПИШАНИ 500 ПРВАЧИЊА ПОМАЛКУ ОД ОЧЕКУВАНОТО

    ВО ТЕТОВО ЗАПИШАНИ 500 ПРВАЧИЊА ПОМАЛКУ ОД ОЧЕКУВАНОТОСпоред бројот на родени деца во 2016, во прво одделение би требало да се запишат 1.416 ученици.(Фото: СДК.МК)

    Во првиот уписен рок во основните училишта во Тетово се запишале 567 првачиња помалку од бројот кој се очекувал според бројот на родените деца во 2016 година, а кои сега треба да се запишат во прво одделение. Нема прецизни податоци зошто е толку намален очекуваниот број на запишани првачиња, но тоа најверојатно е поради се помасовното иселување од земјата.

    „Според податоците кои Секторот за јавни дејности на Општина Тетово ги доби од Управата за водење матични книги, а се однесува за децата кои треба да се запишат во прво одделение, а се родени 2016 година и децата кои се родени до 31.01.2017 година, произлегува дека би требало за учебната 2022-2023 година да се запишат 1.416 деца. Но, знаеме дека многу од нашите сограѓани се иселуваат и тоа најчесто цели семејства. Најверојатно поради тоа до денес во тетовските основни училишта, во прво одделение се запишале само 849 деца. Од нив 705 во настава на албански јазик, 134 во настава на македонски јазик и 10 во настава на турски јазик. Но, ова не е конечната бројка на запишани ученици. Бидејќи има уште два уписни рокови можно е овој број на запишани првачиња да се да биде и малку поголем“, вели Назми Даути, раководител на секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

    Според Даути, во оваа учебна година основното училиште го завршиле 1.086 ученици од кои 861 кои посетувале настава на албански јазик, 202 на македонски и 100 на турски јазик.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира