ВОДАТА ОД ЈАВНАТА ЧЕШМА ВО СКОПСКО КУЧКОВО НЕБЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ

    ВОДАТА ОД ЈАВНАТА ЧЕШМА ВО СКОПСКО КУЧКОВО НЕБЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕГрадоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски информираше дека Центарот за јавно здравје на 15 ноември извршил инспекциски надзор за квалитетот на водата, при што било констатирано дека водата за пиење од овој извор не е безбедна поради присуство на бактерија ешерихија коли.(Фото: Општина Ѓорче Петров)

    Водата од јавната чешма во село Кучково е небезбедна за пиење поради присуство на бактерија ешерихија коли.

    Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски информираше дека Центарот за јавно здравје на 15 ноември извршил инспекциски надзор за квалитетот на водата, при што било констатирано дека водата за пиење од овој извор не е безбедна поради присуство на бактерија ешерихија коли.

    „Забраната за употреба ќе трае во наредниот период, додека надлежните нè известат дека водата ќе може повторно да се користи, за што граѓаните навремено ќе бидат информирани“, вели градоначалникот Наумоски.

    Водата од јавната чешма во село Кучково ја користат и жителите на Волково, Кисела Јабука и Новоселски пат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира