Возачот на камионот кој утрово пропадна во фонтаната на Плоштад Македонија во Скопје „е приведен и изведен пред суд“, соопшти Град Скопје. Велат дека возило на приватната компанија неовластено влегол на Плоштадот Македонија односно нема дозвола за движење иако има поднесено такво барање.
„Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Градот Скопје по извршениот инспекциски увид издадоа санкција која правното лице ќе треба да ја плати во рок од 10 дена, во спротивно ќе следи прекршочна и кривична пријава“, велат од Град Скопје.
Во фонтаната на Плоштад Макеоднија од 2,5 милиони евра постојано пропаѓаат камиони затоа што возила слободно може да си влезат и да се движат низ шеталиштето.
Од МВР велат дека нивни екипи излегле на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
А. АНТЕВСКА