ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШТИПСКИОТ ЗОО ПАРК НЕ ДАВААТ МЕЧЕТО ТЕДИ ДА ОДИ ВО СТРАНСТВО, СЕ СОМНЕВААТ ЗА ТРГОВИЈА

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШТИПСКИОТ ЗОО ПАРК НЕ ДАВААТ МЕЧЕТО ТЕДИ ДА ОДИ ВО СТРАНСТВО, СЕ СОМНЕВААТ ЗА ТРГОВИЈА„Зошто да ни го земат мечето, кога Теди веќе се навикна на децата и нив им е милениче. Не е точно дека мечето живее во простор два на два, туку тоа има две поголеми простории“, велат вработените во ЗОО паркот.(Фото: СДК.МК)

    Вработените во ЗОО паркот во Штип не даваат мечето Теди да оди на ресоцијализација во резерват во Бугарија или Швајцарија. Од таму велат не е точно дека Теди живее во тесен кафез и нема соодветни услови, туку се сомневаат дека некој сака да тргува со мечето.

    „Зошто да ни го земат мечето, кога Теди веќе се навикна на децата и ним им е милениче. За Теди организирано доаѓаа деца од повеќе соседни градови во Источна Македонија. Ако причините се условите нека кажат што треба да се направи, ние ќе го направиме. Не е точно дека мечето живее во простор два на два, туку тоа има две поголеми простории. Ако е потребно ќе се направи и друго посоодветно живеалиште. Наместо да се направат напори да се обезбеди негов другар, тие ќе го носат Теди“ велат вработените во ЗОО паркот во Штип.

    Портпаролката на скопската Зоолошка градинка Тина Мицковска пред неколку дена објави дека успеала да стапи во контакт со организацијата на заштита на животните „Четири шепи“ и фондацијата „Брижит Бардо“ кои откако виделе во какви услови живее Теди и дека поради тоа често се повредува и е аксиозен, ја понудиле нивната помош. Сега  Теди треба да замине на ресоцијализација во Бугарија или Швајцарија, откако ќе се подготват сите документи за неговото патување.

    Мечето Теди беше донесено во во Штип во октомври 2017, како донација од доктор Јовица Угриновски кој претходно со операција го спасил оти било повредено. Тој оттогаш донира храната за мечето.

    „За новата преселба на Теди што се најавува треба да го прашат и доктор Ургиновски, затоа што не се знае како тоа психолошки ќе делува на мечето кое веќе се одомаќини во Штип.“ велат вработените кои непосредно се грижат за мечето, но и за останатите животни во ЗОО паркот и се сомневаат дека некој сака да тргува со мечето, но и со другите животни што им се одземаат.

    Т. ЈОВАНОВСКИ   

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари