ВРЕМЕНО УКИНАТИ БЕСПЛАТНИТЕ БИЛЕТИ ЗА ВОЗ ЗА МЛАДИТЕ, УЧЕНИЦИТЕ, СТУДЕНТИТЕ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ

    ВРЕМЕНО УКИНАТИ БЕСПЛАТНИТЕ БИЛЕТИ ЗА ВОЗ ЗА МЛАДИТЕ, УЧЕНИЦИТЕ, СТУДЕНТИТЕ И ПЕНЗИОНЕРИТЕОва е времена одлука, додека трае кризата од коронавирусот. (Фото: СДК.МК)

    Од денес, не важат бесплатните патувања во внатрешниот железнички патнички сообраќај за пензионерите и младите. Ова е времена одлука, додека трае кризата од коронавирусот.

    „Врз база на нацрт записникот од дваесеттата  седница на  Владата одржана на 16 март годинава, од денес се ставени во мирување мерките кои се однесуваат на бесплатните билети и бесплатниот превоз за возрасни лица во железничкиот патнички сообраќај“, рече портпаролот на МЖ Транспорт АД Скопје Беким Лачи.

    Бесплатен викенд за млади до 27 години имаше секој прв и трет викенд во месецот.  Студентите имаа бесплатно патување во четврток. Секоја среда учениците од средните училишта имаа бесплатен билет. Бесплатен викенд за стари лица, жени над 62, мажи над 64 години, имаше секој втор и четврт викенд во месецот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира