ВРНЕЖИТЕ ОД ГРАД ГО УНИШТИЈА РОДОТ НА РАНОГРАДИНАРСКИТЕ КУЛТУРИ ВО ВЕЛЕШКО

    ВРНЕЖИТЕ ОД ГРАД ГО УНИШТИЈА РОДОТ НА РАНОГРАДИНАРСКИТЕ КУЛТУРИ ВО ВЕЛЕШКОУништен е родот на спанаќот, марулата, младиот кромид и младиот лук, но и на овошките, цреши, вишни, кајсии, велат земјоделците од Караслари. (Фото: СДК.МК)

    Вчера попладне, во околината на Велес падна град кој го уништи пролетниот род. Настрада пред сè раниот зеленчук во селото Караслари, додека градот кој падна во Горно Оризари оштети фолии.

    „Уништен е родот на спанаќот, марулата, младиот кромид и младиот лук, но и на овошките, цреши, вишни, кајсии. Сета мака која ја вложивме ни отиде“, велат жителите од Караслари кои продаваат на Градскиот пазар во Велес.

    Врнежи од град беа забележани и во селото Кочилари, каде има овошни насади.

    Градот кој го зафати Велешко ја побеле почвата како снег. Последиците по градинарските производи ќе се чувствуваат наредниот период на велешкиот пазар. Праксата вели дека по продолжениот празничен викенд ќе започне пријавата, па потоа проценката на штетите, кои подоцна треба да минат во Советот, за на крај, во некое догледно време да бидат прифатени од Владата и земјоделците да бидат обесштетени со одреден процент.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира