ЗА 16 ДЕНА ВО БИТОЛА ИМА 121 НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС, ПОЛОВИНА НЕ ЗНААТ ОД КАДЕ СЕ ЗАРАЗИЛЕ

    ЗА 16 ДЕНА ВО БИТОЛА ИМА 121 НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС, ПОЛОВИНА НЕ ЗНААТ ОД КАДЕ СЕ ЗАРАЗИЛЕНа крајот на минатиот месец во Битола имаше само 37 активни случаи (Фото: СДК.МК)

    Во првите 16 дена од октомври, Битола доби 121 нов случај на коронавирус. Ако на крајот на минатиот месец имаше 37 активни случаи, до половина на октомври оваа бројка порасна за повеќе од трипати.

    Рекордот во бројот на новозаразени на дневна основа беше постигнат вчера, кога беа евидентирани 18 нови битолчани со ковид-19. Според Центарот за јавно здравје од Битола, новозаболените лица се на возраст од 11 до 78 години, од кои девет не дале податоци за контакт со регистрирано позитивно лице.

    Од вкупниот број заболени во првата половина од месецов, повеќе од половина не дале податоци за тоа од каде се заразиле.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира