ЗА 4 ДЕНА ПОЛИЦИЈАТА ОДНЕСЕ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ДВЕ ЛИЦА КОИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ИНЦИДЕНТИ ВО ВЕЛЕШКО

    ЗА 4 ДЕНА ПОЛИЦИЈАТА ОДНЕСЕ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ДВЕ ЛИЦА КОИ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ИНЦИДЕНТИ ВО ВЕЛЕШКОЗа 4 дена се случија два инцидента на територијата на СВР Велес. (Фото: СДК.МК)

    Оваа седмица се случија два инцидента на територијата на СВР Велес, по кои сторителите се пренесени во психијатриска болница. Првиот се случи во понеделникот попладне во велешката населба Превалец, каде била нападната екипа на Итната помош и полициски службеници. Тие дошле за интервенција, по настан предизвикан од 59-годишен жител на населбата. Кога дошле, тој кон нив фрлал цигли и откако бил совладан, бил префрлен во Психијатриската болница Бардовци во Скопје.

    Вчера, вториот инцидент се случил инцидент во Поштата во Росоман, при што бил приведен 46-годишник од селото.

    „На 29 септември во 12.30 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода лицето од Росоман затоа што околу 11.30 часот со употреба на сила и остар предмет го искршил стаклото од влезната врата на поштата во Росоман, при што со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци, се здобил М.К.(74 год) од Кавадарци, кој бил во поштата. Според пријавеното, после тоа тој излегол од поштата и пред продажен објект во Росоман физички нападнал 51-годишна жена од Росоман. По лишувањето од слобода, лицето било спроведено во Психијатриска болница во Негорци“, соопшти портпарол на СВР Велес Ристе Самарџиев.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира