ЗА ЕДНА ГОДИНА ВО ТЕТОВО КАЗНЕТИ 59 НЕИСПРАВНИ ВОЗИЛА КОИ ВРШЕЛЕ ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

    ЗА ЕДНА ГОДИНА ВО ТЕТОВО КАЗНЕТИ 59 НЕИСПРАВНИ ВОЗИЛА КОИ ВРШЕЛЕ ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИеисправни сопирачки, неисправни уреди за управување или недостаток на потребна опрема биле најчестите, неправилности кои полицијата ги наоѓала кај моторните возила кои вршеле јавен превоз. (Фото: СДК.МК)

    По трагичната сообраќајна несреќа која се случи ви Бугарија и во која загинаа 45 македонски државјани, тетовската полиција ги засили контролите на возилата кои вршат јавен превоз. Неисправни сопирачки, неисправни уреди за управување или недостаток на потребна опрема биле најчестите, неправилности кои полицијата ги наоѓала кај моторните возила кои вршеле јавен превоз.

    „Секторот за внатрешни работи Тетово во континуитет врши контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници, пред сé, на автобуси и комбиња кои секојдневно или транзитно сообраќаат на подрачјето. Во тие рамки, од минатиот до ноември годинава, на поширокото тетовско подрачје вкупно биле санкционирани 59 технички неисправни возила кои вршеле превоз на патници. Најмногу мерки, 12 биле изречени во текот на овој месец, потоа во март имало 9, па 7 во мај и така натаму. Санкционираните возила најчесто биле со неисправни сопирачки, потоа имало возила со неисправни уреди за управување, додека кај неколку од нив недостигала и потребната опрема што требале да ја поседуваат“, соопштува портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Секторот за внатрешни работи Тетово упатува апел до возачите на автобуси и комби возилата редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата со кои вршат јавен превоз на патници и потсетува за високите казни кои ќе ги платат несовесните сопственици ако обавуваат транспорт со неисправни возила и на тој начин ја загрозуваат безбедноста на патниците.

    „Законска обврска на фирмите-превозници е да обезбедат максимални услови за нормално и безбедно превезување на патниците, без разлика дали организираат локални, национални или меѓународни дестинации. Во спротивно, согласно Законот за возила, предвидените поднесоци и парични глоби за физички лица изнесуваат 400 евра во денарска противвредност, a за правните лица 2000 евра во денарска противвредност и дополнително 500 евра за одговорното лице“, надополнува Јосифовски.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира