ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕРКО НЕ ВАЖАТ ЗАКОНИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА УРИВАЊЕ НА ДИВИТЕ ОБЈЕКТИ НА ПЛАЖИТЕ, ВЕЛАТ ОД „ОХРИД СОС“

    ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МЕРКО НЕ ВАЖАТ ЗАКОНИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА УРИВАЊЕ НА ДИВИТЕ ОБЈЕКТИ НА ПЛАЖИТЕ, ВЕЛАТ ОД „ОХРИД СОС“Откако Општина Охрид почна да ги урива дивите шанкови и објекти на плажите, во Струга нема никаква активност. Од таму го прашуваат градоначалникот Рамиз Мерко дали за Струга важат посебни закони или воопшто не важат законите.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Се прашуваме дали во Струга важи уредбата со законска сила која ја донесе Владата за враќање на плажите во првобитна состојба, велат од „Охрид СОС“. Откако Општина Охрид почна да ги урива дивите шанкови и објекти на плажите, во Струга нема никаква активност. Од таму го прашуваат градоначалникот Рамиз Мерко дали за Струга важат посебни закони или воопшто не важат законите.

    „Навистина е крајно време државата да застане на патот на ДУИ. Бараме санкции за функционерите на ДУИ, бараме затворски казни за тие што ги заслужиле, бараме да се оневозможи една криминална група да оперира непречено на штета на јавниот интерес“, велат од „Охрид СОС“.

    Од таму велат дека градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се однесува како да владее со автономна зона, а не како да е дел од една земја во која владеат истите закони за сите.

    Од „Охрид СОС“ прашуваат според кои критериуми почнало со рушењето и по кој редослед се руши.

    “Дополнително, прашуваме по кои критериуми се почнало со рушењето и по кој редослед се руши. Бараме Влада да ни достави одлука и план за работа со соодветна динамика и редослед на рушењето. Нам ни изгледа дека струшкото крајбрежје ќе остане нечепнато зашто во моментов со него владее партија која речиси две децении е непрекинато на власт”, кажаа од „Охрид СОС“.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира