ЗА РЕВАКЦИНАЦИЈА ДА СЕ ДОАЃА ВО ЗАКАЖАНИОТ ТЕРМИН, А НЕ ПОРАНО ЗА ДА НЕМА РЕДИЦИ, АПЕЛИРААТ ОД ВАКЦИНАЛНИОТ ПУНКТ ВО БИТОЛА

    ЗА РЕВАКЦИНАЦИЈА ДА СЕ ДОАЃА ВО ЗАКАЖАНИОТ ТЕРМИН, А НЕ ПОРАНО ЗА ДА НЕМА РЕДИЦИ, АПЕЛИРААТ ОД ВАКЦИНАЛНИОТ ПУНКТ ВО БИТОЛАВо престојната недела ќе има повеќемина за ревакцинација, а пунктот работи 12 часа. (Фото: СДК.МК)

    Не може во осум наутро да има многу лица за ковид вакцинација, во 16 часот да нема никој, а пунктот работи 12 часа, велат од Здравствениот дом во Битола и апелираат оние кои за вакцинација имаат термин да го почитуваат закажаното време, а не да доаѓаат порано со што се создава метеж.

    Скоро секое утро, пред вакциналниот пункт во Битола има редици од луѓе кои чекаат за вакцинација, а војската создава ред и ги чита имињата на овие кои се за ревакцинација или на малолетните за прва доза.

    „Голем број граѓани не го почитуваат закажаниот термин за ревакцинација, многумина доагаат во исто време и со создавањето гужви се отежнува вакциналниот процес. Замолуваме заедно да го овозможиме нормалниот процес на работа. Секој кој има закажан термин ќе биде вакциниран, тимовите работат со вакцинирање и на последното закажано лице. Да се почитуваат добиените термини, а слободното вакцинирање е без закажан термин“, апелира директорката Весна Спиркоска.

    Во престојната недела ќе има повеќемина за ревакцинација, а пунктот работи 12 часа. Голем дел од здравствените работници кои се ангажирани во процесот на имунизација во Битола немаат користено ни ден годишен одмор.

    Во Битола и селата досега се аплицирани над 50.000 дози вакцини против ковид-19. Вчера беа вакцинирани 1.634 лица, од кои на пунктот 1.310, на терен 287, а се вакцинирани и 37 лица кои одлежуваат казна во затворот во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира