ЗА ТОРТИТЕ И КЕЈТИ ЈАН ЖОЛЧНА РАСПРАВА ВО БИТОЛСКИОТ СОВЕТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ТОРТИТЕ И КЕЈТИ ЈАН ЖОЛЧНА РАСПРАВА ВО БИТОЛСКИОТ СОВЕТ

    Талески не прави торти, па од дома да добива инструкции како  да ја води општината, рече советничката на ВМРО-НП, Габриела Илиевска, денес во битолскиот совет за време на жолчната распава по предлозите за оставка на градоначалникот Владимир Талески кој веќе месец и пол е во куќен притвор како осомничен за случајот „Транспортер“.  
    -Да се формира комисија која ќе даде извештај од денот кога се случил притворот на Талески па до денес дали тој потпишал било каков документ, дали воопшто некаква одлука се реализира од тој период  и дали со тоа нанел некаква штета на општината. Дали некој му носи документи на Талески дома? Комисијата ќе има за цел  да го добие и решението за притворот на Талески, да видиме што пишува внатре, а не да го слушаме Талекси како изјавува на телевизија дека имал инструкции да потпишува и од дома . Инструкции за што , за торта правење?- изјави Илиевска.
    Советот не е нити адвокат на градоначаникот, ниту тело кое може и треба да се занимава до таа работа , и одговори советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илче Димовски. Тој додаде „ако не обратете се кај обвинителот Кејти Јан, ословувајќи ја на овој начин специјалната обвинителка Катица Јанева, таму пожалете се.
    Владеачкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ во битолскиот општински Совет ги одби сите предлози на опозиционите советници за оставка на градоначалникот Владимир Талески. Советниците од СДСМ побараа управната инспекција да направи ревизија зошто Талески не поставил заменик градоначалник иако законот за локална самоуправа  и Статутот на општината му го налагаат тоа. Од ЛДП побараа да му се предложи да си даде оставка, а од ВМРО-НП да се формира комисија која ќе испита колку е законски тоа што градоначалникот од дома ја води општината.
    Претседателката на Советот, Силвана Ангелевска рече дека тие како тело не можат да расправаат за оставка или укинување на функцијата на Талески зашто тие не го избрале туку граѓаните на локални избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари