ЗА ВИКЕНДОВ НАЈАВЕНИ БЛОКАДИ НА ПАТОТ ЗА ПОНИКВА АКО НЕ ЗАПРЕ ПАЛЕЊЕТО НА ОТПАДОТ НА ДЕПОНИЈАТА ВО КОЧАНИ

    ЗА ВИКЕНДОВ НАЈАВЕНИ БЛОКАДИ НА ПАТОТ ЗА ПОНИКВА АКО НЕ ЗАПРЕ ПАЛЕЊЕТО НА ОТПАДОТ НА ДЕПОНИЈАТА ВО КОЧАНИЖителите на селото Бели реагираат дека од депонијата постојано се шират чад и реа (Фото: СДК.МК)

    Жителите на селото Бели близу Кочани за сабота и недела најавија блокади на патот кон туристичката локација Пониква на Осоговските Планини поради постојаното палење на градската депонија каде што Кочани го складира отпадот.

    За Пониква на големо зборуваме како еколошка област, а од депонијата која е во подножјето на планината и селото Бели постојано се шири чад од палењето на сметот. Ако градските власти не преземат мерки, планираме да ги блокираме двете ленти на патот Кочани-Пониква“, велат жителите од ова кочанско село.

    Бели има околу 400 жители и како што велат, поголем број од нив имаат сериозни проблеми со белите дробови.

    Чадот и реата што се шират од депонијата ги покриваат селото и неговата околина, па дури и самото Кочани, но надлежните се оглушуваат на нашите апели“, вели претседателот на МЗ Бели, Димче Цебов.

    Неговите соселани се децидни дека и покрај сите заложби за здрава и чиста средина, тие како земјоделци не можат да произведуваат здрава храна поради загадувањата на воздухот и почвата.

    Од јавното комунално претпријатие ветуваа дека ќе го спречат палењето на депонијата, но со денови нема ништо од тоа. Затоа, ако овие денови не се санира состојбата, одлучни сме и сложни да ги реализираме нашите радикални мерки“, велат селаните

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира