ЗАБЕЛЕЖАН СЛУЧАЈ НА СЕМЕЈНО ГЛАСАЊЕ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО, НО УШТЕ НЕ Е ПРИЈАВЕН КАЈ ОПШТИНСКАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

    ЗАБЕЛЕЖАН СЛУЧАЈ НА СЕМЕЈНО ГЛАСАЊЕ ВО ОПШТИНА ТЕТОВО, НО УШТЕ НЕ Е ПРИЈАВЕН КАЈ ОПШТИНСКАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈАПри посетата на едно избирачко место во тетовската гимназија забележавме дека зад параванот наместо едно, одеднаш гласаат три лица, но ваков случај сè уште не е пријавен кај Општинската изборна комисија. (Фото: СДК.МК)

    Гласањето за претседателските и парламентарните избори во Општина Тетово засега се одвива без поголеми проблеми. Утрово само две изборни места не беа на време отворени поради проблеми со апаратот за скенирање на отпечатоците, па извесен период гласањето одеше по стариот начин со обележување на палецот и со употреба на УВ ламба.

    При посетата на едно избирачко место во тетовската гимназија забележавме дека зад параванот наместо едно, одеднаш гласаат три лица, но ваков случај сè уште не е пријавен кај Општинската изборна комисија (ОИК). Неофицијално, се смета дека ова се стари лица па можеби имале проблем со видот, и дека не е масовна појава.

    „Изутринава само на две избирачки места имаше проблем со скенерот за идентификација преку отпечатоците од прстите и поради тоа овие две избирачки места, едното во училиштето ‘Лирија’ во Тетово, а второто во село Бозовце, не беа отворени навреме. Но, и овде проблемот набрзо беше решен и засега гласањето на сите избирачки места во Општината се одвива без пречки. Досега немаме добиено известување од Изборните комисии за никакви нерегуларности во процесот на гласање“, изјави Назми Даути, секретар на Општинската изборна комисија за Општина Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира