ЗАГАДУВАЊЕТО НА РЕКАТА ТОПОЛКА Е ОД ФАБРИКАТА ЗА ВАР КАЈ ПРЕВАЛЕЦ, ПРОДОЛЖЕНА ЗАБРАНАТА ЗА РАБОТА

    ЗАГАДУВАЊЕТО НА РЕКАТА ТОПОЛКА Е ОД ФАБРИКАТА ЗА ВАР КАЈ ПРЕВАЛЕЦ, ПРОДОЛЖЕНА ЗАБРАНАТА ЗА РАБОТАРеката Тополка кај Велес на почетокот на овој месец побеле од загадување, а имаше и помор на риби (Фото:СДК.МК)

    Три седмици по усната забрана за работа на каменоломот и варница Превалец-Технопавер кај Велес, реката Тополка е чиста и бистра. Државниот инспекторат за животна средина изрече и писмена забрана за работа на варницата.

    Резултатите од анализата на водата, што ја правеше Центарот за јавно здравје Велес, откако беше заматена водата во реката и откако имаше помор на риби, покажале дека висока матност е од варницата Превалец, објави Државниот инспекторат за животна средина. Побелувањето на реката Тополка, во нејзиниот долен дел се случи на 4-ти октомври, по испусниот канал на фабриката за вар, се до вливот во реката Вардар, близу Велес. Имаше умрени примероци на риба од видот еѓупка, амур, кркушка.

    „Добиените вредности покажуваат висока матност и тоа над дозволените вредности. Поради тоа усно изречената мерка за забрана за работа на каменолом и варница Превалец-Технопавер е продолжена, сега и писмено“, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

    Државниот инспекторат за животна средина направи надзор и на речното корито под правниот субјект каменолом и варница Превалец-Технопавер и констатираше дека водата над мостот кај населбата Превалец е чиста и нема угинати риби. Претходно и на 28-ми август се случи сличен еко инцидент на реката Тополка.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира