ЗАГИНА РАБОТНИК ВО РУДНИКОТ ВО РЕК „БИТОЛА“

    ЗАГИНА РАБОТНИК ВО РУДНИКОТ ВО РЕК „БИТОЛА“Работникот загина синоќа во несреќен случај во рудникот Суводол во РЕК 'Битола', при работа со градежна машина. (Фото: СДК.МК)

    60-годишен работник од РЕК „Битола“ синоќа загина при несреќен случај додека извршувал редовни работни задачи во рудникот Суводол, соопштија од РЕК„Битола“.

    „Со длабоко жалење известуваме дека синоќа, при несреќен случај во рудникот Суводол во РЕК ‘Битола’, при работа со градежна машина, животот го загуби работник В. К., 60 години. Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК %Битола’ и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот“, се вели во соопштението.

    Од РЕК додаваат дека јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира