ЗАГИНА ВОЗАЧ ЧИЈА КОЛА ЈА УДРИ ТОВАРЕН ВОЗ НА ПРЕМИН КАЈ СЕЛОТО ДАВИДОВО, ГЕВГЕЛИСКО

    ЗАГИНА ВОЗАЧ ЧИЈА КОЛА ЈА УДРИ ТОВАРЕН ВОЗ НА ПРЕМИН КАЈ СЕЛОТО ДАВИДОВО, ГЕВГЕЛИСКОВо тек е увид поради што во моментов во прекин е железничкиот сообраќај на делот од пругата од Демир Капија до Гевгелија. (Фото: СДК.МК)

    Претпладнево околу 11 часот, товарен воз кој сообраќал на релацијата Белград – Солун удрил во патничко возило кај селото Давидово, Гевгелиско. Возачот сообраќал по регионален пат кој се вкрстува со железничката пруга, а патниот премин, според Македонски железници, бил обезбеден со ликовна, светлосна и звучна сообраќајна сигнализација и сите биле во функција.

    „На 30 август околу 11.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на влез во железничка станица Миравци- Гевгелија, товарен воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија, удрил во патничко возило ‘опел вектра’ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р. И. (76) од село Удово, Валандовско. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р. И.“, соопштија од МВР.

    Смртта ја констатирал од лекар од Итна медицинска помош од Валандово. Во тек е увид поради што во моментов во прекин е железничкиот сообраќај на делот од пругата од Демир Капија до Гевгелија.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира