ЗАГЛАВИ ИЗГРАДБАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС ЗАШТО НА ПЛАНИРАНАТА ЛОКАЦИЈА ИМА ЛОЗОВИ НАСАДИ

    ЗАГЛАВИ ИЗГРАДБАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС ЗАШТО НА ПЛАНИРАНАТА ЛОКАЦИЈА ИМА ЛОЗОВИ НАСАДИРеализацијата на проектот вреден околу 23,5 милиони евра би требала да почне наредната година (Фото: СДК.МК)

    Постапката за изградба на пречистителна станица со колекторски систем за отпадни води во Велес заглави поради административни проблеми. Причината е локацијата каде што требала да се гради, која била доделена за лозови површини. Останати документи биле набавени и се бара решение за нова локација. Постапката била во тек и градоначалникот Марко Колев уверува дека заедно со државните институции прават сè за да се надмине проблемот.

    „Имаше проблем со локацијата бидејќи на истата има лозови насади кои Министерството за земјоделство пред две години ги дало под концесија. Со министерот ја разгледуваме можноста за поместување на локацијата за да може процесот да продолжи. Изработена е хидролошка студија од страна на фирмата ‘Актива ИНГ‘ од Штип. Добиени се согласности од ЈП за државни патишта и од МЖ Инфраструктура“, изјави Колев.

    Проектот за изградба на пречистителна станица во Велес се реализира преку ИПА 3 програмата на Европска Унија за поддршка на проекти за заштита на животната средина. Општина Велес е вклучена заедно со Општина Штип. Според проектната документација, вредноста е околу 23,5 милиони евра. Ако сè биде според планираното, неговата реализација би почнала наредната година и би траела подолг временски период.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира