Кандидатите за градоначалници во Штип, Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ и Благој Бочварски од СДСМ, потпишаа меморандум за „Заложба за младински приоритети“. Бочварски најави заложба за поголемо вработување на младите и запирање на трендот на нивно заминување во странство, па кажа дека во тие рамки била и мерката на Владата за обезбедување по 10.000 евра за секоја иновативна инвестиција, посебно за младите.
Захариев, пак, рече дека во Штип со мерките на претходната Влада веќе биле вработени неколку илјади млади, најмногу во фабриките „Џонсон контролс“, „Актива “ ,„Семак Фешн“, „Кондидо“ и домашните фабрики, па невработеноста од 12.000 лица во изминатите четири години била сведена само на 2.000 невработени кои активно бараат работа.
Т. ЈОВАНОВСКИ