ЗАМИНАА ДОМА СИТЕ ОД ДРЖАВНИОТ КАРАНТИН ВО ХОТЕЛОТ „МОНТЕНЕГРО“ КРАЈ ВЕЛЕС, ОЗДРАВЕА И ДВАЈЦАТА СО КОРОНАВИРУС

    ЗАМИНАА ДОМА СИТЕ ОД ДРЖАВНИОТ КАРАНТИН ВО ХОТЕЛОТ „МОНТЕНЕГРО“ КРАЈ ВЕЛЕС, ОЗДРАВЕА И ДВАЈЦАТА СО КОРОНАВИРУСВо државен карантин во хотелот беа 74 македонски државјани кои допатуваа со лет од Брисел, Белгија, на 10 април. (Фото: СДК.Мк)

    Си заминаа дома сите седумдесет и четири лица кои 15 дена престојуваа во државен карантин во хотелот „Монтенегро“ кај Велес. Тоа беа македонски државјани кои допатуваа со лет од Брисел, Белгија, на 10 април. Дека во хотелот нема повеќе гости потврди и сопственикот Зоран Тодоровски.

    „Сите заминаа, а дали ќе престојуваат нови лица во државен карантин зависи од Министерството за надворешни работи, ако организира ново враќање на македонски државјани од трети земји во Македонија“, рече Тодоровски.

    Информацијата ја потврди портпаролот на Општа Болница Велес д-р Весна Николовска-Неделкова, бидејќи доктори од таму заедно со колеги од Здравствен дом беа задолжени да ја следат здравствена состојба на лицата кои престојуваа во хотелот две седмици. Од Инфективното одделени при Велешката болница, како оздравени пуштени се и двете лица кои имаа КОВИД-19, а беа дојдени со оваа група.

    „Лицата кои имаа коронавирус беа негативни на двата контролни теста на КОВИД-19, па и тие го напуштија одделението и си заминаа“, изјави д-р Николовска-Неделкова.

    Во хотелот „Монтенегро“ претходно престојуваа и 45 лица кои во март се вратија со лет од Загреб, Хрватска.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира