ЗАМРЗНА ОХРИДСКИОТ БРЕГ, МРАЗОТ ГИ ЗАРОБИ КАЈЧИЊАТА

    ЗАМРЗНА ОХРИДСКИОТ БРЕГ, МРАЗОТ ГИ ЗАРОБИ КАЈЧИЊАТАОд ниските температури кои утринава достигнаа и до минус 10 степени измрзна трската кај каналот, а некои кајчиња останаа заробени во мразот. (Фото: СДК.МК)

    Утринава замрзна брегот на Охридското Езеро. Дебелината на мразот е неколку сантиметри.

    Од ниските температури кои утринава достигнаа и до минус 10 степени измрзна трската кај каналот, а некои кајчиња останаа заробени во мразот.

    И просторот каде што пред десетина години беше донесен од струшкиот брег познатиот охридски локвањ е замрзнат. Нема ни трага од ова водно растение.

    Плашицата во каналот Студенчишта не е загрозена. Таму не е формирана покривка од мраз, бидејќи водата во него е проточна.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари