ЗАПАЛЕНИ 4 КОНТЕЈНЕРИ СО ЃУБРЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО, КАСАМИ БАРА МВР ДА ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕ

    ЗАПАЛЕНИ 4 КОНТЕЈНЕРИ СО ЃУБРЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО, КАСАМИ БАРА МВР ДА ГИ ОТКРИЕ СТОРИТЕЛИТЕБрзата интервенција на тетовските пожарникари спречила пожарот да се прошири кон околните згради и дуќани. (Фото: СДК.МК)

    Голем пожар изби синоќа во строгиот центар на Тетово, кога биле запалени 4 контејнери со смет. Пожарот бил забележан околу 23 часот кај контејнерите поставени покрај една од зградите во комплексот „Ловец“. Оганот ги вознемирил жителите на оваа и околните згради и само брзата интервенција на тетовските пожарникари спречила да се прошири и да ги зафати зградите и дуќаните во блискиот трговски центар.

    На пожарот реагираше и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, кој преку социјалните мрежи го осуди ваквото неодговорно однесување на поединци во градот.

    „Јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е граѓанско однесување. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна“, објави Касами.

    Откако тетовските пожарникари го изгаснале пожарот, екипа од комунална хигиена на ЈКП „Тетово“, излегла на местото на пожарот, ги отстранила остатоците од запалениот смет и запалените контејнери и поставила нови.

    З. АНДОНОВ 

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира