Четири од новопоставените контејнери попладнево околу 16 часот беа запалени во центарот на Скопје. Веднаш интервенираше Бригадата за противпожарна заштита, но сепак контејнерите се уништени и неупотребливи.
„Станува збор за намерно палење на контејнерите. Случајот веќе е пријавен во полиција и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Апелираме до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат контејнерите бидејќи истите се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета“, велат од Град Скопје.
Лани низ Скопје беа запалени 100 контејнери, никој досега не е фатен и санкциониран.
А. АНТЕВСКА