ЗАПАЛЕНИ 6 КОНТЕЈНЕРИ ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО, ПОЖАРНАТА СПРЕЧИ ОГНОТ ДА СЕ ПРОШИРИ КОН ЗГРАДИТЕ

    ЗАПАЛЕНИ 6 КОНТЕЈНЕРИ ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО, ПОЖАРНАТА СПРЕЧИ ОГНОТ ДА СЕ ПРОШИРИ КОН ЗГРАДИТЕОд скопската Пожарна велат дека контејнерите се намерно запалени бидејќи огнот одеднаш со голем пламен избил во нив.(Фото: Принтскрин Град Скопје)

    Шест контејнери попладнево се запалени во скопската населба Дебар Маало и малку фалело пожарот да се прошири во соседните куќи и згради. Запалените контејнери се наоѓаат на улицата Алберт Ајнштајн број 6, а од огнот биле зафатени и неколку дрвја кои се наоѓаат на улицата. До проширување на огнот не дошло бидејќи на време интервенирала Пожарната бригада на Град Скопје.

    „Контејнерите се намерно запалени бидејќи огнот одеднаш со голем пламен избил во нив. Околу има и кабли за струја и други приклучоци, па поради нашата брза интервенција не се случи пожарот да се прошири кон околните објекти, и да се случи поголема несреќа. Контејнерите се целосно уништени“, вели командантот на скопската Пожарна Владимир Симоновски.

    Лани низ Скопје беа запалени и целосно уништени над 100 контејнери. Досега ниту еден сторител не е фатен ниту казнет.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира