ЗАПОЧНА ВАКЦИНИРАЊЕТО ВО ТЕТОВО, ДНЕВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ДО 160 ЛИЦА

    ЗАПОЧНА ВАКЦИНИРАЊЕТО ВО ТЕТОВО, ДНЕВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ДО 160 ЛИЦАДо минатата недела, преку сајтот вакцинација.мк и преку матичните лекари се пријавени 5.200 лица за вакцинирање. (Фото: СДК.МК)

    Вакцинирањето против ковид-19 од утрово започна и во Тетово, со вакцинација на два пункта во Здравствениот дом.

    „За денеска имаме закажано 80 термини. Денеска, како прв ден од вакцинирањето, ќе работиме само во една смена но, веќе од почетокот на наредната недела вакцинирањето ќе се одвива во две смени односно од 8 до 20 часот. Очекуваме дневно да се вакцинираат од 140 до 160 лица. Целосно сме подготвени за непречено да го завршиме целиот процес на вакцинирањето, вакцини и персонал имаме доволно, а протоколите целосно се почитуваат. Вакцинирањето се одвива на два пункта и двата се во ЈЗУ Здравствен дом Тетово, на нив работат двајца лекари и помошен персонал. До минатата недела, преку сајтот вакцинација.мк и преку матичните лекари се пријавени 5.200 лица за вакцинирање. Во оваа фаза се вакцинираат лицата над 77-годишна возраст и за нив има обезбедено доволен број вакцини“, изјави Борислав Јоргаќиески, директор на Здравстен дом во Тетово.

    Просториите на Здравствениот дом каде се одвива вакцинирањето, деновове беа целосно реновирани и опремени со потребниот материјал и техничка опрема за непречено оидвивање на процесот на вакцинацијата.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира