ЗАРАЗЕНО ОД КОВИД-19 ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД ВЕЛЕС, СЕ ТЕСТИРАЛЕ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ВО СТРАНСТВО

    ЗАРАЗЕНО ОД КОВИД-19 ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД ВЕЛЕС, СЕ ТЕСТИРАЛЕ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ВО СТРАНСТВОЧетиричленото семејство се странски државјани родум од Велес, се тестирале за да можат да си одат од Македонија, но испаднале позитивни, немаат симптоми и засега остануваат во изолација; - Инфективното одделение на Велешката болница. (Фото: СДК.МК)

    Денес во Велес и Велешко има четворица новозаразени со ковид-19 и исто толку оздравени, а активни случаи се 34, соопшти Министерството за здравство.

    „Сите нови четири случаи се членови на едно семејство, странски државјани кои претходно живееле во Велес, се враќале дома во странство. Се тестирале за да можат да ја напуштат Македонија, но резултатите покажале дека се позитивни. Тие немаат симптоми и засега остануваат на домашно лекување. Има и четири оздравени, двајца мажи и две жени, сите од домашно лекување“, соопшти Центарот за јавно здравје Велес.

    Во Велешко досега има 323 ковид позитивни, од нив 274 се оздравени, а 15 починати. Од активните, 23 се на домашно лекување, 10 се на Инфективно одделение во Велешката болница и еден е во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

    „На Инфективното одделение има 21 пациент, 20 се потврдено позитивни и еден е нов, сомнителен случај“, – кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпаролка на Општа болница Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира