ЗАТРУЕНИ СО ХРАНА ШЕСТ ВРАБОТЕНИ ВО ФИРМА ВО ШТИПСКАТА ИНДУСТРИСКА ЗОНА

    ЗАТРУЕНИ СО ХРАНА ШЕСТ ВРАБОТЕНИ ВО ФИРМА ВО ШТИПСКАТА ИНДУСТРИСКА ЗОНАЦентарот за јавно здравје ја следи состојбата на забтруените. (Фото: СДК.МК)

    Шест пријави за  труење со храна од вработени во фирма во трговско-индустриската (ТИР) зона во Штип се поднесени на 8 јули во Одделението за епидемиологија и социјални услуги при Центарот за јавно здравје.

    „Стручни лица од Центарот излегоа на увид во објектот на операторот со храна каде бил извршен разговор со одговорните лица, биле дадени препораки и мерки, наложено било генерално механичко чистење на просториите и биле направени и санитарни прегледи на вработените и земени се мостри за микробиолошка анализа и брисеви од работните површини и во фирмата каде се консумира храната и кај операторот снабдувач со храна“, соопшти Центарот.

    Отаму велат дека до добивањето на сите резултатите ќе се следи состојбата на веќе заболените лица и начинот на извршувањето на мерките и препораките, а според законската регулатива ќе се преземат дополнителни мерки ако има нови затруени.

    Станува збор за вработени во една од првите фирми во ТИР зоната, а операторот е лоциран во кругот на поранешниот комбинат „Македонка“ во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира